Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Средба Бесими-Павлова: Поддршка од ЕИБ за јавниот и приватниот сектор, се очекуваат нови 100 милиони евра поволни кредити

22 мар. 2023 г.·2 мин читање·1462 прегледи

Следете не на Viber

Европската инвестициска банка во земјава има финансирано проекти во износ од 1,16 милијарди евра. Тоа се проекти кои се од клучно значење за РС Македонија во јавниот сектор, но значајна е поддршката и во приватниот сектор, а таквата поддршка се очекува да продолжи и во иднина.  Ова беше констатирано на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-претседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова.

„Владата на Македонија е посветена на постигнување забрзан економски раст, подобрување на инфраструктурата, заштита на животната средина, како и енергетска транзиција и производство на чиста зелена енергија. Тоа се областите во кои клучна е поддршката од нашите партнери, Европската инвестициска банка, која има пласирано 635 милиони евра евтини кредити кон малите и средни компании, за поддршка на инвестиции и обртни средства,  277 милиони евра во проекти од секторот транспорт за подобрување на безбедноста на патиштата и скратување на времето на патување,  178 милиони евра се во водоводна инфраструктура, за подобар пристап до вода за пиење и санитарни услуги на граѓаните, како и 64 милиони евра во енергетски проекти“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека ЕИБ во моментов учествува во имплементација на проекти од јавниот сектор со 230 милиони евра, во кои е вклучено и денешното потпишување на Договорот за проектот за пречистителна станица во Скопје.

Значителна и многу значајна, рече министерот, е поддршката за малите и средни претпријатија што оваа Банка ја има дадено и дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина. Се очекува, рече министерот, нова транша од 100 милиони евра од ЕИБ евтини кредити за малите и средни претпријатија, како и за зелена транзиција.

Меѓу проектите во кои ЕИБ учествува во финансиската конструкција и кои се реализираат во земјава се изградбата на интерконекторот со Грција, изградбата на железничкиот Коридор 8, делница Крива Паланка – граница со Бугарија, проект за општинска водна инфраструктура, а интерес има изразено за реализација на проектот за изградба на западниот дел од железничкиот Коридор 8 делница Кичево-граница со Албанија.

Клучни зборови

  • Европска инвестициска банка
  • Лилјана Павлова
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk