Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Спиралата на поскапување зема се поголем замав, а тоа ќе им се удри од глава на граѓаните кои и сега едвај преживуваат

18 сеп. 2021 г.·3 мин читање·1087 прегледи

Следете не на Viber

Ново поскапување на лебот, маслото за јадење и кондиторските производи се очекува во периодов кој следи. Тоа се должи на поскапата струја што ја плаќаат индустриските капацитети, а за една година таа е зголемена за 100%. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот порасна за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе.

Спиралата на поскапување зема се поголем замав, а тоа ќе им се удри од глава на граѓаните кои и сега едвај преживуваат. Тие се пожалија дека сите трошоци растат забрзано, а никако реално да пораснат платите.

Ќе кажам дека граѓаниве се загревота. Посебно пензионериве со ниски примања буквално се загревота. Скоро се е поскапено за повеќе од 20%, па може и повеќе. Тоа сега е деновиве откако се отиде на горе, а платите и пензиите никако да мрднат, посебно во ова никакво време. Абе ова е катастрофа, ќе биде се полошо и полошо, не знам што ќе се прави, се пожалија граѓаните пред камерата на ТВ Алфа.

Од Владата признаваат дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеле влијаеле на ублажување на ударот, што граѓаните никако да го почувствуваат. Дека тоа е така зборува и последното поскапување од 214 денари во август, во споредба со јули, алармираше Сојузот на Синдикатите на Македонија.

Анализата на ССМ покажува, дека дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците и на цените, тогаш, ниту три минимални плати, не би биле доволни да го достигнат растот на минималната кошница, предупредуваат од ССМ.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари. За владите ширум светот, поскапувањето на храната може да има висока политичка цена.

Прашањето е дали можат да сторат доволно за да спречат нејзино плаќање, пишува „Блумберг“. Светските цени на храните се околу 33% повисоки во август, во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Инаку, кај нас, последно во низата поскапување се цените на мало на сите производи кои пораснале за дури 5% во однос на истиот период лани, измери државната статистика. Овој раст е само теоретски, а во пракса поскапувањето е далеку повеќе, што не се исклучува цените да одат уште нагоре.

Клучни зборови

  • кондиторски производи
  • леб
  • масло
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk