Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка

14 мар. 2022 г.·2 мин читање·1946 прегледи

Следете не на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји преку воспоставување на директна комуникација меѓу деловните ентитети.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорот на Стопанската комора на Чешка, Јиржи Хансл во присуство на високи претставници на организациите и деловните заедници од двете земји по одржана билатерална средба. Договорот предвидува двете комори да ја продлабочат соработката во насока на склучување на директни партнерства за зацврстување на деловните релации меѓу претставници на бизнис заедницата преку разменување на информации, организирање и промоција на заеднички настани, организирање на посети на деловни делегации, размена на експертиза, соработка на меѓународни проекти и други активности.

Потпишувањето на Меморандумот се реализира во рамките на Македонско-чешки бизнис форум кој ќе се одржи утре во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка.

Во рамки на бизнис форумот ќе се обратат и заменик министер за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки и амбасадор на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва. По  обраќања на владини претставници  ќе има презентација на чешките компании, по што следува и работниот дел во кој ќе се реализираа директни бизнис средби.

Република Чешка спаѓа во групата на земји со најголем обем на размена со Република Северна Македонија. Во изминатата 2021 година од нашата држава во Чешка се извезени стоки во вредност од 111 милиони евра, со што се бележи раст на извозот од 78 отсто, додека  вредноста на увозот изменува 128 милиони евра.

Клучни зборови

  • Сојузот на стопански комори на Македонија
  • Стопанската комора на Република Чешка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk