Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сопствениците на продавници и бутици бараат бруто платите за вработените да бидат на товар на државата

27 мар. 2020 г.·2 мин читање·89 прегледи

Следете не на Viber

Микро претпријатија од услужна дејност, пред се продавници и бутици, од Владата бараат бруто платите за вработените да бидат на товар на државата за време на траењето на вонредната состојба поради коронавирусот.

Следејќи ги препораките на Владата со ново настанатата ситуација во врска со коронавирусот и мерките на претпазливост и ограниченото временско движење, Ние како микро претпријатија од приватниот сектор во услужната дејност (продавници и бутици), од кои поголем дел закупопримачи на деловни објекти во моментов немаме никакви приходи. Бараме бруто платите, додека траат мерките од страна на Владата, да бидат на товар на државата (март, април, мај), велат претставниците на микропретријатија од услужна дејност.

Покрај тоа, нагласуваат тие, бараме да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки, како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода,.., државата да субвенционира неповратни средства (во зависност од бројот на вработени) од 3.000 до 10.000 евра и мораториум за прво тримесечје од 2020 година на аконтација за ДДВ.

Сите овие мерки бараме да имаат важност се до престанок на важноста на мерките предложени од страна на Владата. Исто така, се обраќаме и до сопствениците (закуподавачите) на деловните објекти да покажат човечност и во тој период да ја замрзнат наемнината, до завршување на владините мерки, односно до стабилизирање на ситуацијата, или до преземање на некои владини мерки со кој и тие би биле обештетени, посочуваат од микропретријатијата од услужна дејност.

Се надеваме, додават тие, дека ќе наидеме на разбирање и од Владата, министерствата за финансии и за економија, како и од закуподавачите за, како што велат, заеднички да ја надминеме оваа криза која му наговестува целосен колапс на приватниот сектор.

Клучни зборови

  • Бруто плата
  • Бутици
  • коронавирус
  • Мерки за превенција
  • Продавници
  • Товар на државата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk