Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СН Финансии за целиот свој тим организираше специјален тренинг со врвни експерти од областа на заштита на лични податоци

16 мај 2022 г.·3 мин читање·1244 прегледи

Следете не на Viber

Развојот на дигиталните сервиси со себе донесе неверојатни предности, како можноста за експресно кратко време да добиете кеш кредит, да нарачате и платите храна која за 30 мин пристига на вашата врата или да работиме од своите домови.

Меѓутоа, црната страна на дигиталната револуција донесе и низа злоупотреби кои како доаѓа времето стануваат се почести и посуптилни.

Некогаш станува збор за хакери кои изнаоѓаат различни начини да најдат слабост на сервисите или да ја злоупотребат нивната функционалност и така да соберат информации кои подоцна ги продаваат на црниот пазар.

Но, има и криминални поединци или групи кои прават обични обиди да стигнат на незаконски начин до добивка. Институциите во финансискиот сектор не се заобиколени од вакви ситуации. Затоа СН Финансии како проактивна компанија, за целиот свој тим организираше специјален тренинг која ја опфати оваа деликатна област.


Тренингот го водеа врвни експерти од областа на заштита на лични податоци,  инаку супервизори во Агенцијата за заштита на лични податоци Ѓорѓи Рајчиноски, Мануела Станоевска Стоилкова и Јасминка Ѓорѓиевска Анчевска кои споделија многу информации, совети и практични тактики како до професионална заштита.

„Времето покажува дека и системите некогаш знаат да бидат пробиени, но и ние луѓето се покажа дека често може да бидеме како најслаба карика во тој ланец.

Една мала грешка, покажува слабост на системот кој хакерите или криминалците го користат за да стигнат до пари. Како компанија сметавме дека е важно да не чекаме овие напади да станат чести, за да превземеме мерки, туку да бидеме како компанија проактивни и со нашиот тим да работиме на наша едукација од оваа сфера која ќе ни помогне да бидеме секогаш во безбедната зона со нашите вистински, но и лажни клиенти„ – истакна Христина Блажевска Ивановиќ, заменик директор на СН ФИНАНСИИ.

Инаку, СН финансии е првата финтек комапнија во Македонија основана пред 5 години со домашен капитал и за мошне кратко време,  одлично се позиционираше на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг.

Клучни зборови

  • обука
  • СН Финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk