Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СН финансии додели стипендии на бруцошите на Економски

6 окт. 2022 г.·3 мин читање·1298 прегледи

Следете не на Viber

Оваа недела започнаа предавањата на државните универзитети, а компанијата СН ФИНАНСИИ  наместо да биде само формално на првиот академски час, од оваа година одлучи да стипендира студенти, започнувајќи нов проект на донации  СН ФИНТЕК ТАЛЕНТИ

„Специфичноста на нашите стипендии е и во финансиска поддршка за нивната прва академска година, можност за менторирање од наша страна, практична работа во нашата компанија за стручна примена на знаењата во нашиот сектор, но и можност за вработување. Финтек компанијата СН ФИНАНСИИ уште од минатата година започна со поинакви чекори на поддршка на факултетите, конкретно на Економскиот факултет во Прилеп, каде што повеќеслојно оди нашата  соработка. Стипендии за најдобрите, работа на проекти со студентското собрание, како и со неформалната група „Економисти  оптимисти“ која на многу интересен начин ја спојува науката и интересите на младите луѓе“ – изјави Бујар Драла, шеф на одделот за човечки ресурси од СН ФИНАНСИИ.

Стипендиите беа поделени на  надојбро рангираните студенти при упис и на студенти кои доаѓаат од социјално ранливите категории на Економскиот факултет во Прилеп.

„Бенефитот е обостран, и за компаниите и за Економскиот факултет. Соработката се реализира на различни начини, преку стручни предавања на претставниците на бизнис заедницата и на тој начин студентите стекнуваат емпириски знаења и вештини, а од друга страна факултетот организира обуки според потребите на бизнис заедницата. Исто така учествуваме заеднички во реализацијата на научно истражувачки проекти“, истакна проф. Д-р Драгица Оџаклиеска, декан на Економски факултет Прилеп.

На Економскиот факултет во Прилеп, ова е 62 генерација студенти кои можеа да избираат помеѓу една од 6 реакредитирани студиски програми како: Е-бизнис, меѓународен бизнис, сметководство и финансии, банкарство и финансии, маркетинг и менаџмент.

Клучни зборови

  • бруцоши
  • Економскиот факултет во Прилеп
  • СН Финансии
  • СН Финансии ДОО Битола
  • Стипендии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk