ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ| За половина компании-снабдувачи со струја во Македонија, како што веќе пишуваше порталот „Пари“ се води постапка од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Во соработка со платформата БизнисМрежа.мк ги анализиравме нивните приходи, расходи и добивки во минатата година. Податоците покажуваат дека компаниите кои ги прекршиле договорите со корисниците на струјата, или пак правеле упади во енергетскиот систем, откако таа значително поскапе, лани оствариле вкупен приход од 40 милиони евра, а заедничката нето-добивка, пак, им била 1.795.000 евра. Станува збор за следниве трговци на мало со струја: Солар про, Мист енерџи, Вангард, Енерџи Активе, Елнор, У Повер и Енергија гас анд пауер.
Секако, групирањето на податоците за различни компании не е многу благодарно, но овој пат го правиме за да се открие каков е заедничкиот финасиски потенцијал на компаниите кои не постапувале согласно закон. Поединечно – податоците за секого откриваат колку таа компанија лани заработила од продажбата на струјата, односно дали „мора…