Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Сметките за струја на најсиромашните ќе се финансираат со ваучери или директна уплата

23 мар. 2021 г.·2 мин читање·1836 прегледи

Следете не на Viber
Се разгледуваат две опции за финансирање на дел од сметката на најсиромашните граѓани. Една од опциите е субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија за да се осигура дека парите кои ќе ги добијат ранливите категории ќе ги потрошат за подмирување на сметките за електрична или топлинска енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

 

Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства.

-Проширувањето на опфат на ранливите категории кои ќе добиваат субвенции за подмирување на сметките за електрична енергија е приоритет на РКЕ . Таргетирани се домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се анализира да се направи правичен модел кој подразбира дека тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субвенција од државата. Домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кошничка ќе добиваат најголема субвенција. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, износот ќе се намалува и мерката ќе важи само за ранливите категории, изјави Бислимовски.

Клучни зборови

  • Бислимовски
  • ваучери
  • РКЕ
  • сметки за струја
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk