Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Слога Пром од Кавадарци одбележува 33 години успешна работа на пазарот во Македонија

14 апр. 2023 г.·2 мин читање·1131 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата Слога Пром денеска одбележува 33 години од своето постоење. Успешната семејна бизнис приказна на компанијата започна да се развива во 1990 година, во Кавадарци и денес брои 100 вработени.

Денес Слога Пром претставува модерна компанија на пазарот во Северна Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна, вклучувајќи ги HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите.

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога и брендот Royal Veggies  е 21. Под брендот „Слога“ се нуди риба, пилешко, свинско и говедско месо, додека под брендот Royal Veggies се нуди замрзнат зеленчук. Понудата од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла)  вклучува околу 160 производи.

Слога пром во 2017 година инвестираше во нов капитален објект – ладилник со јавен царински склад, составен од три дела и 4700 м2 расположлива површина.

Преку  општествено одговорната практика, Слога Пром континуирано овозможува подобри услови за вработените и за нивните семејствата како и за заедницата во целост, таков последен новитет е отворањето на тениско игралиште лоцирано во кругот на самата компанија и формирањето на Тениски клуб Слога.

Клучни зборови

  • Слога Пром
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk