Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Скопје ја доби првата училница на отворено достапна за сите

27 окт. 2022 г.·3 мин читање·949 прегледи

Следете не на Viber

На креативен и непосреден начин, децата учеа за екологијата, природата, грижата за животните, но и за финансиската писменост и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата.

Халки креативната училница е новото шаренолико, раскошно и многу забавно катче во непосредна близина на главниот влез на Зоолошката градина. Ова е прва и единствена училница од ваков тип кај нас.

Официјалното отворање на училницата помина во прекрасна и весела атмосфера. Учениците од неколку основни училишта предводени од ЗОО едукатор беа на прошетка на која се запознаа со подготовките на животните и нивните живеалишта за зимата, по што следуваше ликовна работилница на тема „Природата како вечна инспирација“. Во сите активности се приклучија и многу случајни минувачи, привлечени токму од енергијата и веселоста на Халки и неговиот тим:

  • Местото е полнo со креативни содржини, сцена и многу точки за едукација, забава и дружење, што всушност е и нашата главна заложба: да вложуваме во децата, да вложуваме во нивната иднина. Тоа го потенцираме и сега, во октомври – месецот на штедењето, преку оваа креативна училница која е дел од нашата платформа за Детско штедење и нејзиниот препознатлив симбол, слончето Халки. Отворањето на мултифункционалниот простор е во пресрет на 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето, подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

На креативен и непосреден начин, децата учеа за екологијата, природата и грижата за животните. Низ разговор со претставници од банката тие учеа и за финансиската писменост, детското штедење, како и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата. Дел од наученото го претворија во прекрасни творби, кои, како и цртежите од ликовната работилница ѝ беа донирани на Зоолошката градина.

Во координација со надлежните на ЗОО,  креативната училница ќе биде отворена во текот на целата година и достапна за сите кои сакаат да ја користат.

Предавањата и дружењето траеја до доцна попладнето. Низ креативната училница Халки поминаа повеќе од 250 деца, кои заминаа задоволно, понесувајќи со себе цртежи, нови научени работи и многу подароци.

Клучни зборови

  • ЗОО едукатор
  • Зоолошка градина
  • креативна училница
  • Халк Банка
  • Халки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk