Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Скопската Зоолошка градина доби нова Халки училница на отворено

25 окт. 2022 г.·3 мин читање·1768 прегледи

Следете не на Viber

Во октомври месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје, на Зоолошката градина ѝ подарува нова училница на отворено.

Просторот што се наоѓа непосредно до главниот влез е облагороден со голем поден мурал со пејсажни мотиви, насликан во широка палета светли тонови. Површината изобилува со насликани растенија, планини, дрвја и поттикнува на игра, дружење, фотографирање и забава. Всушност, Халкбанк АД Скопје, како голем пријател на Зоолошката, обезбеди интересни визуелни решенија, сцена на отворено, занимливости и креативи на кои доминира ликот на слончето Халки, со што омилената скопска дестинација, доби сосема нов изглед.

“Новото катче со сите елементи и муралот, кој е навистина многу колоритен и впечатлив, се надеваме дека ќе стане омилено место за дружење и средби на сите посетители на Зоолошката градина. Идејата е тоа да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет. Всушност, сите овие теми се дел од нашата платформа ХалкЕко, но и од сите активности поддржани од Детското штедење и платформата на слончето Халки. Во средиштето на сите наши корпоративни проекти се децата преку кои сакаме да изградиме и здрава животна средина и здраво општество, оттука и идејата да им подариме една ваква колоритна училница на отворено” – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Банката и во иднина продолжува со работа на поле на екологија, засадување зелени пространства, како и на поддршка на бројни едукативни и креативни настани, каде што главната тема е заштитата на природата.

По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, во Зоолошката градина во Халки училницата ќе се одржат и првите работилници, што ќе значат и официјален почеток на нејзината употреба.

Клучни зборови

  • Маја Наумовска Савеска
  • халкбанк
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk