Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Склучен меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата

23 јан. 2020 г.·2 мин читање·215 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) склучија меморандум за соработка насочен кон унапредување на размената на податоци и информации поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор. Како што беше истакнато на денешната средба на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и претседателот на КЗК, Владимир Наумовски, натамошното ефективно јакнење на конкуренцијата во оваа сфера би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, под конкурентски услови. Токму тоа е и основниот мотив за склучувањето на меморандумот со којшто попрецизно е дефинирана соработката помеѓу двете институции на ова поле.

Со меморандумот е регулирана размената на податоци и информации помеѓу двете институции при постапките коишто ги води КЗК, а коишто се поврзани со една или повеќе деловни банки, при изготвувањето анализи за нивото на конкуренцијата во банкарскиот сектор и при изготвувањето измени во подзаконската регулатива во надлежност на Народната банка. Предвидено е да се одржува и годишен состанок на којшто претставници од двете институции детално ќе ги разгледуваат анализите поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор и ќе разговараат за повеќе важни прашања, а доколку е потребно може да се одржуваат и повеќе состаноци годишно. Меморандумот содржи и одделни одредби коишто се однесуваат на едукација на вработените во Народната банка и во КЗК во областа на заштитата на конкуренцијата.

Кон завршницата на денешната средба, Ангеловска-Бежоска и Наумовски истакнаа дека натамошната соработка помеѓу Народната банка и КЗК ќе придонесе за постојано зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Владимир Наумовски
  • Комисија за заштита на конкуренцијата КЗК
  • Народна банка НБРСМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk