Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Склучен еден од најголемите договори за осигурување на живот во земјава

6 ное. 2021 г.·3 мин читање·4638 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување Живот во следните 20 години ќе ги осигурува вработените на Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО – Скопје и Смелт – Инг ДОО – Скопје. Станува збор за Договор со кој над 140 вработени лица ќе бидат животно осигурени на вкупен износ над 80 милиони денари. Средствата се наменети за вработените во Компанијата, што овој договор го прави еден од ретките примери во земјава на одговорно корпоративно однесување и вложување во кадровите ресурси.

Договорот за деловна соработка денес на свечена церемонија го склучија директорите на компаниите: Г-дин Горан Антевски – Управител на Раде Кончар -ТЕП, Г-ѓа Владанка Трајкоска – Управител на Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО – Скопје, Г-дин Бојан Несторовски – Управител на Смелт- Инг ДОО – Скопје и Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска – Генерален Директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Преку Договорот за деловна соработка, склучен во директни преговори, над 140 вработени во групацијата Раде Кончар освен основната полиса за осигурување на живот со штедна компонента добиваат и дополнителни осигурувања од тешко болни состојби и низа привилегии меѓу кои и осигурување на членови на нивните семејства при настанување на одредени осигурени случаи. Условите на осигурување обезбедуваат, меѓу другото, и целосно покритие за лекување од Ковид 19 во сите приватни клиники на РСМ. На сите осигуреници опфатени со овој договор обезбедено им е членство во Триглав Смарт клубот, кој оваа Компанија го креираше за поддршка на здрав начин и навики на живот.

Компаниите Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи ДОО -Скопје и Смелт – Инг ДОО – Скопје континуирано остваруваат добри деловни резултати. Како општествено одговорни компании кои имаат за цел ги да мотивираат и задржат своите вработени, одлучија да им обезбедат квалитетно осигурување, притоа демонстрирајќи висока морална одговорност за секој вработен.

Триглав Осигурување – Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи четврта година, а веќе во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животно осигурување и доминира во бројот на продадени полиси. На пазарот компанијата станува препознатлива по корпоративните осигурувања од ваков вид, кои нудат уникатно корисничко искуство за сите вработени во корпорациите кои се одлучуваат своите вработени финансиски да ги заштитат од сите ризици на секојдневието.

Клучни зборови

  • Раде Кончар - Сервис и поправка на електрични производи ДОО
  • Раде Кончар -ТЕП
  • Смелт - Инг ДОО – Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk