Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЕ ОТВОРИ АКАДЕМИЈА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МАКПРОГРЕС, ЕБОР ЛОНДОН И ВЛАДАТА НА ЈАПОНИЈА

8 јул. 2021 г.·3 мин читање·1829 прегледи

Следете не на Viber

Со големо задоволство Ви го најавуваме формирањето на Академијата за Извршни Менаџери во Виница, под покровителство на компанијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија. Академијата за Извршни Менаџери е дел од Фондацијата “ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од МАКПРОГРЕС чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за Извршни Менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

На официјалното отварање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата. „Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.“ – изјави Глигор Цветанов, Генерален директор на МАКПРОГРЕС и Претседател на Фондација „Прогресив Академија“.

„Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот.“ – изјави Анди Аранитаси, Претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

Консултантската компанија PrimePoint Partners од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за Извршни Менаџери. „Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.“ – додаде Билјана Марковиќ Стаменова, Директор на PrimePoint Partners и Академски директор на Академијата за Извршни Менаџери.

Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера  и да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од Септември 2021. Повеќе информации за Академијата за Извршни Менаџери, како теми, предавачи, критериуми за упис, итн., можете да најдете на овој линк

Клучни зборови

  • PrimePoint Partners
  • Академијата за Извршни Менаџери
  • Глигор Цветанов
  • Макпрогрес
  • Прогресив Академија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk