Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Се одржа финалето на Европскиот квиз на парите

11 мај 2022 г.·2 мин читање·1629 прегледи

Следете не на Viber

Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито”, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа. Станува збор за најголемиот европски натпревар за финансиска писменост за ученици на возраст од 13 до 15 години, којшто привлекува до милион учесници годишно од 29 европски земји. Европскиот квиз на парите е дел од иницијативите за финансиска писменост на Европската банкарска федерација, истакнувајќи ја важноста на финансиската едукација на младите. Меѓу тимовите ученици од 29-те европски земји коишто учествуваа денес на финалето на Европскиот квиз на парите, претставниците на Норвешка беа најдобри и најбрзи, втори беа од тимот на Италија, додека претставниците на Ирска го освоија третото место.

Националното финале беше организирано од страна на националните банкарски асоцијации и се одржа во март и април во 29 различни земји од Европа: Австрија, Азербејџан, Албанија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Ирска, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска, Хрватска, Чешка, Шведска и Шпанија.

„Интересот за Европскиот квиз на парите и натаму расте, со сè повеќе ученици кои секоја година го тестираат своето финансиско знаење. Многу е убаво да се види одлучноста на натпреварувачите во услови на здрава конкуренција”, вели Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација.

Учениците кои нѐ претставуваа на финалето на Европскиот квиз на парите победија на националниот натпревар, којшто се одржа во март за време на Глобалната недела на парите, во организација на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Ова е четвртиот пат наши претставници да учествуваат на овој меѓународен натпревар.

Клучни зборови

  • Европскиот квиз на парите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk