Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Се одржа конференција Pitch.Match.Grow vol. 2 насочена кон поддршка за интернационален настап на домашните стартапи

16 мар. 2023 г.·4 мин читање·781 прегледи

Следете не на Viber

Во организација на PwC, изминативе два дена во Скопје се одржа второто издание на конференцијата Pitch.Match.Grow vol. 2 која на едно место ги собра сите релевантни чинители во стартап еко-системот. Целта на настанот е да го олесни развојот, растот и интернационалниот пазарен настап на стартапите од Македонија.

Голем број претприемачи, инвеститори и различни домашни и меѓународни експерти, како и различни поддржувачи на стартап екосистемот, имаа можност да се вмрежат и да проследат презентации, панели и разговори со некои од најзначајните домашни и интернационални бизнис лидери во стартап светот, пренесувајќи свои искуства и совети како ефикасно да се влијае врз дополнителен развој на домашната стартап сцена.

„Возбудени сме што го организираме второто издание на Pitch.Match.Grow“, рече Драган Давитков, партнер во PwC, додавајќи: „Како компанија чија цел е градење на доверба во општеството и решавање на значајни проблеми, веруваме во моќта на стартапите да поттикнат иновации и да ја обликуваат иднината. Сепак, разбираме и знаеме дека да се управува во сложениот бизнис свет може да биде предизвик, особено за оние кои што се на почеток и PwC e тука за вас. Со нетрпение очекуваме да ги видиме иновативните идеи и поврзувањата што ќе произлезат од овогодинешната конференција“.

На конференцијата беа отворени повеќе актуелни теми и прашања поврзани со управување со ризичен капитал и прибирање на средства, маркетинг, продажба, како и финансиски можности за дигитализација.

Првиот ден, на конференцијата се претстави една од највлијателните бизнисменки во Хрватска – Хајди Ценан, ко-основач и извршен директор на airt.ai, која зборуваше на тема вештачка интелигенција и нејзиниот потенцијал да ја обликува иднината. Потоа следеше работилницата „Можности за доделување на опции за акции или удели на вработените” на која експерти од PwC споделија насоки и одговараа на прашања поврзани со структурирањето, имплементација и реализација на овие шеми. Понатаму, голем интерес поттикна и работилницата  „Основи на блокчеин и криптовалути” на која учесниците имаа можност да создадат свој дигитален паричник.

Во посебна сесија на тема „Како да се пробиете низ вревата”, своите успешни стартап приказни ги споделија основачите Светлана Кордумова (pixyle.ai), Филип Арсов (Synapse), Јосиф Дамјанов (Fitkit app &Coach Foods), Никола Велковски (Howitzer) и  Александра Митревска (NativeTeams). Оваа сесија им овозможи на присутните да ги разберат предизвиците со кои се соочиле говорниците-основачи на стартапи и од прва рака да дознаат како страста и креативноста им помогнале за да се соочат со пречките во градењето на успешен бизнис.

Во текот на првиот ден УНДП го промовираше отворањето на нова градска лабoрaторија која ќе придонесе за развој на биотехнологии во нашата држава. Во овој панел, се споделија, детални информации околу програмата за стартапи кои работат со биотехнологии.

Денот заврши со опуштен разговор со Вања Јосифовски, искусен претприемач со децениско искуство во технолошката индустрија, основач на стартап Kumo, кој бил и дел од тимовите на најголемите технолошки гиганти, вклучувајќи ги Google, Airbnb, Pinterest и Yahoo. Вања го сподели своето лично искуство и понуди важни совети за тоа како да се истрае низ подемите и падовите на претприемништвото.

Вториот ден од конференцијата опфати сесии со Venture Capital, Vitosha Venture Partners, South Central Ventures, Driton Musoli – Angel investor и Про, каде се дискутираше за можностите за пристап до финансии. Се одржа и панел за улогата на акцелераторите како врска помеѓу идеите и инвестициите каде зборуваа претставници од GIZ, Бизнис акцелераторот на УКИМ и стартапот Impala. На работилниците на вториот ден, присутните дискутираа со експерти за стратегии за задржување на талентот во компаниите, а се стекнаа и со основни даночни знаења. Глобални стартапи кои се претставија во текот на вториот ден од конференцијата се 3-Lateral и NVIDIA.

На конференцијата учествуваа повеќе од 200 претставници, меѓу кои и студенти од пет факултети во земјава, како идни носители и двигатели на стартап заедницата.

Клучни зборови

  • Pitch. Match. Grow
  • Драган Давитков
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk