Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Светски рекорд: Копачките на Меси на аукција продадени за 143.000 евра

31 мај 2021 г.·2 мин читање·429 прегледи

Следете не на Viber

Познатата аукциска куќа Кристи ги продаде копачките на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси за неверојатни 143 000 евра.

Фудбалските патики што ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кога постигна рекорден 644-ти гол за Барселона беа ставени на аукција со цел да се соберат средства за добротворни цели.

Меси донираше фудбалски патики на Музејот Национален д’Арт де Каталуња во кој го постигна 644-от гол за Барса, што е рекорден по постигнатите голови за еден клуб, а музејот одлучи да ги продаде на аукција и да ги донира средствата на Вал Хеброн Универзитетска болница во Барселона.

Меси го постигна 644-от гол против Реал Валадолид во 65-тата минута од натпреварот одигран на 22 декември 2020 година, со што го надмина Пеле кој постигна 643 погодоци за Сантос.

На тој начин беше срушен светскиот рекорд кога станува збор за цената на фудбалските копачки, кој претходно го држеше Пол Погба, чии фудбалски копачки беа продадени на аукција во Париз во 2019 година за 37 000 евра.

Станува збор за фудбалски патики „Адидас Немезиз Меси“ 19,1 потпишани од Меси, со името на неговата сопруга Антонела Рокузо и датумите на раѓање на неговите синови Тијаго, Матео и Цира.

Заедно со фудбалските чизми, добиен е и потврда за автентичност, и иако се претпоставуваше дека тие ќе се продаваат по цена од 60 000 до 80 000 евра, оваа бројка секако ги надмина очекувањата, пренесува Кликс.ба.

Клучни зборови

  • аукција
  • копачки
  • Лионел Меси
  • рекорд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk