Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сашо Дукоски е избран за нов претседател на Трговска комора

11 авг. 2022 г.·2 мин читање·1535 прегледи

Следете не на Viber

Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше едногласно избран на седница на Собранието. Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период ќе биде ставен на креирање на подобри услови за деловна активности во секторот трговија и зајакнување на капацитетите на Трговската комора.

„Зголемување на активното членството во Комората, која е најбројна организација во државата, преку истакнување на придобивките од коморското работење ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период. Наш важен партнер за соработка се организациите на потрошувачи, поради што ќе ја продлабочиме и прошириме соработката во овој сегмент. Посебен фокус ќе се стави и на борбата со црната економија, односно на поттикнување на надлежните органи за детектирање и сузбивање на нерегистрирани и нелегални бизнис активности спротивни на законските прописите. Исто така важно и неопходно е и да се постигне регулаторно ослободување на бизнисот и да се интензивира соработката со донесувачите на законските решенија“, истакна новиот претседател на Трговската комора.

Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Дукоски се осврна и околу обезбедувањето на дополнителни поволности за членовите на Сојузот, преку поддршка во обезбедување на поволности за адвокатски, банкарски, услуги за стандардизација и медиуми и медиумски простор.

Дукоски по професија е магистер по технички и по економски науки, со долгогодишно и богато работно искуство во банкарскиот, јавниот и приватниот сектор. Косопственик е на реномираните продавници за италијански златен накит и дијаманти СИГМА.

Сојузот на денешната седница на Собранието му се заблагодарува за значајниот придонес во активностите и постигнатите резултати на досегашниот претседател на Трговската комора, Михаил Кирков, кој презема нова функција во раководната структура на Сојузот, како потпретседател за надворешна соработка.

На денешната седница на Собранието беа избрани и нови членови на раководните тела на Трговската комора.

Клучни зборови

  • Сашо Дукоски
  • Сојузот на стопански комори на Македонија
  • Трговска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk