Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

САД привремено ги суспендираа летовите на „Вирџин галактик“

4 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1565 прегледи

Следете не на Viber

Американската воздухопловна агенција (ФАА) објави дека вселенското летало „Спејсшип 2“ на „Вирџин галактик“ нема повторно да лета поради истрагата за инцидент на летот во јули, кога милијардерот Ричард Бренсон – основачот на компанијата, мина неколку минути во Вселената, а се врати по друга траекторија неодобрена од контролата на летање.

„Вселенското летало нема да може да лета додека ФAA не го одобри извештајот за истрагата или не потврди дека проблемите поврзани со инцидентот не влијаат врз општата безбедност“, се вели во соопштението.

Во тек е истрага за отстапување од патеката при летот, што беше внимателно проследен од медиумите и којшто требаше да го означи влезот на компанијата во ерата на вселенскиот туризам.

„’Спејсшип 2‘ отстапи од траекторијата одобрена од контролата на летање, на враќањето кон Спејспорт Америка (космодромот во пустината во американската сојузна држава Ново Мексико)“, се наведува во соопштението.

„Њујоркер“ завчера објави дека во кокпитот на бродот биле вклучени предупредувања за безбедност за време на летот, укажувајќи на сериозен проблем што би можел да доведе до фатален исход.

Клучни зборови

  • Вирџин Галактик
  • вселенски туризам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk