Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

САД купуваат 77 милиони барели нафта на домашниот пазар за стратешки резерви

21 мар. 2020 г.·2 мин читање·31 прегледи

Следете не на Viber

САД ќе купат 77 милиони барели нафта на домашниот пазар за стратешки резерви, соопшти Министерството за енергетика на земјата.

„По дадената насаока од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Министерството за енергетика ќе ги надополни стратешките нафтени резерви до максимум, со купување на 77 милиони барели сурова нафта, произведена од САД“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството распиша тендер за набавка на првата серија од 30 милиони барели.

Цените на нафтата на светскиот пазар се во пад по крахот на Договорот за намалување на производството.

Договорот меѓу ОПЕК и земјите надвор од таа организација (ОПЕК плус) за намалување на производството на нафта е во сила од почетокот на 2017 година. Договорот повеќе пати беше продолжен, а условите се менуваа.

До крајот на 2019 година, договорот предвидуваше намалување на производството од 1,2 милиони барели дневно во однос на нивото од октомври 2018 година, а за тековниот квартал Алијансата го намали производството на нафта за 1,7 милиони барели.

1 април е крајниот рок каде истекуваат обврските за намалување на производството на нафта на земјите членки на ОПЕК плус.

Москва не се согласи на предлогот на картелите за понатамошно намалување на производството поради ширењето на коронавирусот.

Членовите на ОПЕК плус во петокот на 6 март не успеаја да се договорат ни за промена на параметрите на договорот за намалување на производството на нафта, а ниту за продолжување на договорот. Поради тоа од 1 април обврските за ограничување на производството на нафта се укинуваат.

Клучни зборови

  • Доналд Трамп
  • Министерството за енергетика
  • нафта
  • Сурова нафта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk