Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Руската рубља падна за 10%, најниско ниво за последните 4 години

9 мар. 2020 г.·2 мин читање·54 прегледи

Следете не на Viber

Руската рубља падна скоро 10%, најниско ниво за повеќе од четири години, откако цените на нафтата се срушија за 30% по распаѓањето на пактот Русија-Саудиска Арабија за ограничување на производството на нафта, пишува Moscow Times.

Рубљата се тргуваше на најниско ниво од 74,9 за 1 долар во понеделникот наутро. Одбивањето на Русија за намалување на производството на нафта во иницијативата “ОПЕК +” на средбата во Виена во петокот ги шокираше глобалните енергетски пазари и отвори ценовна војна меѓу двајцата најголеми светски произведувачи на нафта.

Суровата брент нафта падна за 30%, на 33 долари за барел на отварањето на тргувањето на азиските безри, што е најголем еднодневен пад за изминатите три децении.

Падот на цените на нафтата ја ставија руската рубља под притисок, бидејќи Москва сè уште се потпира на приходите од извозот на нафта за голем дел од својот буџет.

Секоја цена на нафтата под 42 долари за барел создава загуби во буџетот на Русија. Со цени под тие нивоа, Русија или ќе мора да влезе во девизните резерви или да позајмува повеќе за финансирање на дневните владини трошоци.

Министерството за финансии на Русија во понеделникот потврди дека ќе продаде девизни резерви во обид да ја стабилизира рубљата, додавајќи дека има доволно резерви за да се покријат недостатоците при пад на цената на нафтата на 25-30 долари за барел за 6-10 години .

Клучни зборови

  • буџет
  • енергетски пазари
  • москва
  • нафта
  • пад на цени
  • русија
  • руска рубља
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk