Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Русија : Пристигнува дигиталната рубља!

21 мај 2021 г.·2 мин читање·1101 прегледи

Следете не на Viber

Руската централна банка го воведе концептот на национална дигитална валута на крајот на 2020 година, до крајот на оваа година ќе лансирата прототип на дигиталната рубља, потврди денеска највисоката руска монетарна институција.

– Штотуку го објавивме извештајот со препораките заедно со концептот на дигитална рубља – рече првиот заменик гувернер на централната банка, Олга Скоробогатова, на состанокот на работната група на Одборот на Државната дума за финансискиот пазар, пренесува Раша Тудеј.

Таа исто така изјави дека монетарниот регулатор ќе развие прототип крипто платформа до крајот на годината и ќе го следи пазарот за да ги испланира следните фази на проектот.

Руската централна банка го воведе концептот на национална дигитална валута на крајот на 2020 година. Новата форма на пари се очекува да коегзистира со готовина и безготовински рубљи.

За разлика од виртуелните валути како што е биткоинот, дигиталната рубља е дизајнирана да го минимизира ризикот, затоа што ќе биде издадена од државниот регулатор на пари и ќе биде поддржана од традиционални пари.

Најновото истражување, спроведено од Центарот за истражување на Сколково за финансиски технологии и дигитална економија, покажа дека приближно половина од учесниците во истражувањето ја поддржуваат идејата за дигитална рубља, додека скоро 40 проценти од испитаниците биле против.

Клучни зборови

  • дигитална валута
  • руска рубља
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk