Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Рударењето на криптовалути загадува со е-отпад колку Холандија

22 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1515 прегледи

Следете не на Viber

Рударењето на дигитални криптовалути е цела индустрија, и иако наизглед нема поголемо влијание на животната средина, тоа сепак не е точно. Криптовалутите загадуваат со застарена електроника, велат истражувачите Алекс Девриј и Кристијан Стол.

Ова веројатно и не треба да биде изненадување со оглед на тоа дека колку е понов хардверот толку се подобри и перформансите, па редовните промени се неопходни.

„Животниот век на уреди за „копање“ биткоини е ограничен на само 1,29 години“, пишуваат истражувачите Алекс де Ври и Кристијан Стил во научниот труд насловен „Растечкиот проблем на е-отпадот поради биткоин“.

„Како последица на тоа, проценуваме дека целата мрежа на биткоини во моментов се движи низ околу 39,7 метрички килотони опрема годишно. Оваа бројка може да се спореди со бројот на електронски отпад од мали ИТ уреди кој го прави земја како Холандија“, додаваат тие.

Во 2020 година мрежата на биткоин процесирала 112,5 милиони трансакции, што значи дека секоја индивидуална трансакција значела најмалку 272 грама е-отпад.

Кога дигиталните криптовалути се во прашање често се зборува за потрошувачката на електрична енергија и на влијанието на животната средина како последица на ова. Зголемувањето на е-отпад како последица на машините за копање крипто валути всушност може да биде и помал проблем од стандардните компјутери ако се рециклира. Голем дел од уредите отпаѓа на ладилници кои одлично се рециклираат, секако ако има интерес за рециклирање.

Клучни зборови

  • е-отпад
  • криптовалути
  • рударење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk