Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РКЕ одзеде лиценци за вршење дејност на три компании за трговија со нафта и нафтени деривати

13 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1998 прегледи

Следете не на Viber

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои им ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, поради немање складишни капацитети за чување на резерви.

Како што соопшти РКЕ, на Друштвото за градежништво, трговија и услуги ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС.

– Исто така, одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут – М1 (НС) на Друштвото за трговија, градежништво и услуги ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје. Додека на Друштвото за трговија со технички гас и опрема БАШИНО ГАС извоз-увоз ДООЕЛ Велес е одземена лиценцата за трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ), се додава во соопштението.

Од РКЕ посочуваат дека одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.

– Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. „Гуливер“ нема да смее да увезува и тргува со Еуродизел БС, додека „Пертинакс“ нема повеќе лиценца за тргување и увоз со мазут – М1 (НС), а „Башиногас“ нема да смее повеќе да увезува и тргува со течен нафтен гас (ТНГ). Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Клучни зборови

  • лиценци
  • нафта
  • нафтени деривати
  • Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ)
  • РКЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk