Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

РКЕ ги следи препораките за штедење на електрична енергија

1 сеп. 2022 г.·3 мин читање·180 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата  за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила.

-Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ . Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека РКЕ има анализи и постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот.

-За првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена поради тоа што поголемите снабдувачи имаат договори коишто се направени по далеку пониски цени и поради тоа ја имаме таа ситуација. Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Тој посочи дека РКЕ не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија.

-Треба да ги следиме препораките коишто ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо, брзо ќе се случи и во нашата држава, рече Бислиомски.

За обвинувањата дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци по цена пониска од 50 проценти од пазарната нагласи дека е добро што воопшто може да ја продаде енергијата која инаку ќе отидат во мрежата без пари.

-Ако не се продадат тие ноќни вишоци тие ќе отидат во мрежа без пари бидејќи поевтино е да отидат во мрежа отколку да го намалуваме производството на термоелектраните. И колку што знам тие вишоци се продаваат, беа од 2 наутро до 7 часот и тоа е еден пазарен продукт којшто не е баш интересен, бидејќи нашите фирми не работат од 2 наутро до 7 часот наутро и не може струјата да се складира. Затоа се продава негде каде што може да се продаде, посочи Бислимоски.

Клучни зборови

  • Марко Бислимоски
  • Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
  • РКЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk