Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗМАМА И ДНЕВНО РАБОТЕЊЕ – Отворена работна позиција во Силк Роуд Банка

5 окт. 2022 г.·3 мин читање·2718 прегледи

Следете не на Viber

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗМАМА И ДНЕВНО РАБОТЕЊЕ во Служба за картички.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
  • 1 година работно искуство, пожелно во областа на картично работење
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
  • Внимание кон детали
  • Иницијативност

Дел од работните задачи на референт за измама и дневно работење во Служба за картички се следните:

  • Секојдневно следење на активноста на клиентите во однос на авторизациите и трансакциите, по пат на комбинација на систем за откривање заснован на правила и релативно известување со цел да се открие сомнително измамничко однесување;
  • Секојдневно следење на активноста на трговците во однос на авторизациите и трансакциите по пат на систем за откривање на измами и / или релативно известување со цел да се открие сомнително измамничко однесување на трговците;
  • Вршење безбедносни проверки, најмногу за барањата стигнати по факс од другите банки / издавачи / стекнувачи, барања за итна истрага и сл.;
  • Комуникација, преглед и грижа за сообразност со ажурираните оперативни прописи на Меѓународните асоцијации (Виза, Амекс), особено во делот на измами и безбедност;
  • Размена на информации со другите банки и давање предлози за начини за унапредување на безбедноста и избегнување на измамите во сите активности на банката, поврзани со издавање и стекнување на картички;
  • Вршење дневно и месечно порамнување со Виса и Американ Експрес платежните шеми;
  • Секојдневно следење на трансакции кај трговци и нивна исплата/порамнување;
  • Секојдневно следење и порамнување на трансакции направени на банкомати;
  • Подготовка на месечни извештаи и следење на конта.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за “Референт за измама и дневно работење во Служба за картички” најдоцна до 07.10.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  privacy@silkroadbank.com.mk .

Клучни зборови

  • вработување
  • Оглас за вработување
  • Силк Роуд банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk