Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РЕС донираше помагала за одење произведени во БРАКО во домовите за стари лица во Скопје и Битола

28 окт. 2023 г.·2 мин читање·1739 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата за снабдување со електрична енергија РЕС донираше помагала за одење-ролатори, за штитениците на државната ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 ноември” – Скопје.

Дел од ролаторите беа донирани во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,, 13 Ноември “- Скопје , каде што зависно од потребите и способностите на пациентите , ќе бидат искористени во посебни оддели на установата, а еден дел од донацијата е доставена и во Хоспис Сју Рајдер – Битола кој се наоѓа во состав на специјализираната болница .

РЕС, кој година и половина работи на македонскиот пазар на електрична енергија и ја презема лидерската позиција на слободниот пазар, како општествено одговорна компанија, одлучи да ја реализира оваа донација со цел да го сврти вниманието на јавноста и општеството кон потребата за посебна грижа и внимание за нашата повозрасна популација. Донацијата доаѓа во пресрет на 65-та годишнина на оваа здравствена установа, која е единствена специјализирана за геријатриска и палијативна медицина.

Од ЈЗУ ,,13 Ноември” се заблагодарија за донацијата и сметаат дека помагалата значајно ќе го олеснат самостојното движењето на штитениците во установата и ќе дадат поголем квалитет на нивните секојдневни активности.

Ролаторите, кои го помагаат движењето на лицата со потешкотии, се произведени во БРАКО, како дел од медициската линија на фабриката, која произведува мебел, опрема и помагала за здравствени установи, пред се за пазарот во Западна Европа.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Брако
  • РЕС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk