Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„Реплек АД“ инвестира 43 милиони денари во фотоволтаична централа – 40% од потребите за електрична енергија од обновливи извори

24 ное. 2022 г.·2 мин читање·1022 прегледи

Следете не на Viber

По инвестициите во нов погон за производство, „Реплек АД“ го продолжува развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно  финализирана. Во овој значаен проект компанијата инвестираше 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електрината енергија на компанијата се заменуваа со сончева обновлива енергија.

Меѓу другото, новата соларна централа ќе придонесе за намалување на C02 емисиите, а значително ќе влијае и на намалување на трошоците за енергија на компанијата.

„Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија, која ќе резултира со создавање на нови можности за развој, унапредување на работењето на „Реплек АД“ во сите сегменти.  Инвестицијата директно ќе придонесе за оптимизација на трошоците, зголемување на конкурентноста на нашите продукти и зајакнување на нивните позиции на пазарите. Намалувањето на трошоците, што во услови на енергетска криза е од големо значење, ќе ни овозможи насочување на средствата во други проекти со што ќе создадеме нова вредност за нашата компанија, за купувачите, акционерите и за домашната економија“, истакна Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор на „Реплек АД“.

Покрај инвестициите во нови развојни проекти, „Реплек АД“ го зајакна присуството на своето портфолио на пазарите во Европската унија, ја прошири и соработката со земјите членки на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН), а работи и на зајакнато позиционирање на домашниот и регионалните пазари.

„Реплек АД“ е извозно ориентирана компанија која на странските пазари пласира 75 отсто од своето производство. Производите на компанијата се присутни на повеќе од 25 пазари во целиот свет. Меѓу нив, покрај оние на земјите од ЕУ, се и пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други.

„Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“.

Клучни зборови

  • душан пецовски
  • Реплек
  • Реплек фарм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk