Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Рекордни 8.000 регистрирани учесници на ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“

6 јун. 2022 г.·4 мин читање·2388 прегледи

Следете не на Viber

Околу 8.000 деца и возрасни вчера попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано возење по улиците на кои немаше автомобили стигнаа на целта во Градскиот парк каде ги очекуваше голема забава со музика, танчерски точки, освежување и лотарија со многу вредни награди.

По двегодишна пауза поради пандемијата, настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје по шести пат ги собра сите граѓани кои „гласаат“ за здрави животни навики и промовираат алтернативни превозни средства кои придонесуваат за поздрава животна средина и намалување на сообраќајниот метеж. Најсреќните 40 од нив дома заминаа со вредни награди што ги обезбеди Стопанска банка како и главната награда вредносен ваучер од Град Скопје. Посетителите си отидоа и со позитивно расположение за кое се погрижија водителите на манифестацијата Цеце Тодосовска и Марко Марк, заедно со харизматичниот Александар Матовски – Цако. Посетителите на настанот уживаа во содржините кои ги обезбеди Крафт продукција, поточно танчерските групи, перформансот на луѓето-статуи, а на сцената настапи и забавниот бенд ContruDJ со својот весел перформанс. На задоволство на присутните и познатиот графити уметник Дредпен трпеливо ги исполнуваше желбите на најмладите цртајќи им ги омилените мотиви на патиките, кацигите, велосипедите и скејтбордите.

Традиционално како и во претходните години, Стопанска банка ќе го заокружи ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура која ќе се реализира во договор со Град Скопје и наскоро ќе биде најавена. Од изминатите изданија на „Вози право, вози здраво“, Стопанска банка досега донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack.

Огромниот интерес на граѓаните за настанот „Вози право, вози здраво“ е голема мотивација за Стопанска банка да продолжи со неговата реализација, при што плановите се во иднина оваа манифестација да се организира и во други градови низ земјава за што помасовно ширење на велосипедската култура, промоција на здравиот начин на живот и начините за заштита на животната околина.

Кампањата #ВозиПравоВозиЗдраво беше заокружена со настанот вчера, но продолжува целата година да го промовира велосипедизмот како вообичаена урбана форма на транспорт.

Клучни зборови

  • вози здраво
  • Вози право
  • настани
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk