Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Резултати од Анкета за корисници и известувачи: Висок квалитет на статистичките податоци на Народната банка, на нивната презентација и прибирање

14 ное. 2022 г.·2 мин читање·1130 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка континуирано работи на подобрувањето на процесот на прибирање и на квалитетот на статистичките податоци кои ги објавува, како и на нивната презентација и достапноста за јавноста. Со цел понатамошно унапредување на податоците и процесите, Дирекцијата за статистика спроведе две одделни анкети, помеѓу корисниците и известувачите на податоци. Беа анкетирани вкупно околу илјада испитаници, кои искажаа релативно високо ниво на задоволство од квалитетот и презентацијата, како и на процесот на доставување на податоците.

Народната банка со анкетата опфати корисници на податоците и тоа, претставници на научната фела, банките и штедилниците, јавната администрација, меѓународните организации, како и физичките лица. Најголем дел од анкетираните, или 65% одговориле дека ги користат податоците на Дирекцијата за статистика преку веб-страницата повеќе од 5 години. Околу 80% од испитаниците одговориле дека секогаш или често, лесно ги наоѓаат потребните податоци, а ист процент одговориле дека достапните податоци секогаш или најчесто одговараат на нивните потреби. Над 90% од анкетираните се целосно или делумно запознаени со статистичкиот портал на Народната банка https://nbstat.nbrm.mk/, а над 80% одговориле дека тој секогаш или најчесто ги задоволува нивните потреби. Оценките од спроведената Анкета на корисниците, споредени со сродна анкета од 2013 година укажува на задржување на високото ниво на задоволство на корисниците.

Народната банка, исто така, се стреми да ја подобри комуникацијата со известувачите со цел да го олесни процесот на доставување на статистичките податоци и да се намали известувачкиот товар, без притоа да го наруши неопходниот обем и квалитет на податоците. Анализата на добиените резултати од Анкетата на известувачите (деловни субјекти, банки и штедилници, останати финансиски институции и др.), укажува дека  известувачите генерално позитивно го оценуваат процесот на доставување на податоците до централната банка. Тие имаат високо мислење за односот на вработените кон нив, како и корисноста на информациите за барањата за известување на интернет страницата на Народната банка.

Успешното работење на Народната банка во делот на прибирање и објавување на статистички податоци во голема мерка зависи од успешната соработка со известувачите и корисниците на тие податоци. Оттука, Народната банка и понатаму континуирано ќе работи за унапредување на квалитетот и достапноста на статистичките податоци.

Клучни зборови

  • Анкета
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk