Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

РБ: Нови банки вклучени во државната гарантна шема

6 ное. 2021 г.·2 мин читање·2109 прегледи

Следете не на Viber

Осум банки досега се вклучија во државната гарантна шема на Развојната банка со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантниот фонд.

Со портфолио гаранцијата, банките или штедилниците можат да обезбедат кредити одобрени за микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост. Кредитите може да бидат за основни или обртни средства, со рок на отплата до осум години за основни средства и до три години за обртни средства.

Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50 проценти од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства до 80 проценти од износот на главницата на кредитот. Кредитите кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари.

Развојната банка на Македонија до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централна Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Прокредит банка АД Скопје. Овие осум банки на своите клиенти можат да им понудат дополнителен колатерал обезбеден преку гаранцијата од Гарантниот фонд.

– Листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема, се очекува да се шири и понатаму, велат од Развојната банка.

Гарантната шема е дел од сетот економски мерки донесени од Владата заради справување со последиците од пандемијата и е дел од Планот за забрзан економски раст. Со дополнување на Законот за Развојната банка се формираше Гарантниот фонд како посебна организациона единица.

Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи: портфолио гаранции кон банки и штедилници за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз за кои големите компании може да се обратат директно до Развојната банка.

Банките кои се вклучени во кредитно-гарантната шема се објавени на веб страницата на Развојната банка, во делот „Производи – Гаранции – Портфолио гаранции”.

Клучни зборови

  • Гарантен фонд
  • гарантна шема
  • Развојната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk