Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Расте финансиска вклученост на населението кај нас

27 окт. 2022 г.·3 мин читање·3376 прегледи

Следете не на Viber

Минатата година 85,3% од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот (https://www.worldbank.org/en/publication/globalfindex).

Податоците на Светската банка покажуваат дека сè повеќе расте финансиската вклученост во земјава. Во изминатите пет години таа е повисока за 8,7 процентни поени. Во регионот сме на второто место според финансиската вклученост, веднаш по Србија (89%). Сепак, во споредба со просекот на Европа и Централна Азија заостануваме за 4,7 процентни поени.

Согласно со податоците на базата Финдекс, се забележува пораст кај поседувањето кредитни картички кај нашето население за 5 процентни поени (22%) во 2021 година во споредба со 2017 година, како и кај користењето платежни картички за 6 процентни поени (43%), додека поседувањето дебитни картички е непроменето (53%). Во споредба со земјите од регионот, имаме повисок процент на користење дебитна или кредитна картичка во однос на Косово и Албанија, додека понизок во однос на Бугарија, Србија и Турција. Анализирано според возрасни групи, кај населението од 15 до 24 години е забележан најголем пораст во 2021 година од 18 процентни поени во споредба со 2017 година. Ова упатува на поголема финансиска вклученост на младите имајќи го предвид поседувањето на дебитните и кредитните картички.

Податоците покажуваат дека населението на возраст од над 15 години кај нас сè повеќе користи мобилен телефон или интернет за онлајн-купување. Во 2021 година, 30,5% од населението кај нас купува онлајн, додека во 2017 година овој процент изнесувал 16,9%. Сепак, тој сè уште е понизок во однос со земјите од Европа и Централна Азија.

Финансиската инклузија е од особено значење за економскиот развој на една земја, оттаму една од стратегиските цели на Народната банка е обезбедувањето повисок степен на финансиска едукација и вклученост на населението. Донесена е и се спроведува првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто има за цел да  обезбеди поголема финансиска инклузија во различни сегменти на финансискиот систем, поголемо ангажирање на регулаторните институции во однос на едукацијата и регулацијата, но и на приватните финансиски институции во однос на обезбедувањето поголема достапност и информираност за понудените финансиски услуги.

Клучни зборови

  • население
  • Светска банка
  • финансиска вклученост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk