Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Раководството на Комората во посета на ТЕ-ТО: Ако централата работи со полн капацитет, компаниите нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија

14 окт. 2022 г.·3 мин читање·2401 прегледи

Следете не на Viber

Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески при денешната посета на гасната централата ТЕ-ТО.

На состанок, на кој присуствуваа и потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев, генералниот директор на ТЕ-ТО АД Скопје Димитар Кочовски информираше дека централата работела до 1 октомври, а во моментов се прави ремонт. Планот е да се набави гас на слободниот пазар и веќе во ноември ТЕ-ТО да се стави во функција. Но очекуваат државата да ја компензира штетата што била предизвикана на почетокот на оваа година.

„ТЕ-ТО АД Скопје во првиот квартал од годинава го помогна енергетскиот систем во државата со 37 милиони евра, кои компанијата ги претрпе како загуба (изгубена добивка), поради што драстично се намали ликвидноста за следниот период. Сега се надеваме дека државата барем делумно ќе ја компензира оваа штета со цел да ја обновиме ликвидноста за да може централата нормално да функционира“, истакна Кочовски.

Тој информираше и дека ТЕ-ТО минатата година покрила 20% од вкупната потрошувачка на струја во државата или 30% од домашното производство дошло од гасната централа. Центарала ТЕ-ТО е изградена во 2012 година, како приватна инвестиција. Основната дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

Раководството на Стопанската комора денеска ја посети и ИТ компанијата „Ултра“, која укажа на падот на ИТ индустријата оваа година. Во разговорот акцент беше ставен на даночната регулатива, потребата од дерегулација и поголемо вклучување на домашните ИТ компании во процесот на дигитална трансформација на општеството.

Клучни зборови

  • Антони Пешев
  • Бранко Азески
  • Димитар Кочовски
  • Зоран Јовановски
  • Стопанска комора на Македонија
  • те-то
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk