Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Развојната банка ја заврши 2021 година со двоцифрен раст

31 јан. 2022 г.·2 мин читање·1202 прегледи

Следете не на Viber

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, Развојна банка на Македонија АД Скопје (РБМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост, и во 2021 година оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата, информираа од Банката.

Во соопштението на РБМ се посолува дека во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21 отсто и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19 проценти, на портфолиото од кредитното осигурување од 38 отсто и на факторингот од 11 проценти.

– Во оваа година, активностите на Банката беа во знакот на воведување на нови производи како царински гаранции и кредитно-гарантната шема која се реализира преку Гарантниот фонд, во име и за сметка на државата. Се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството, посочуваат од Банката.

Од таму информираат и дека во целост се реализираше третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – ,,Ковид 3”, финансирана со средства од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА II програмата и Владата на РМ, во вкупна вредност од 31 милион евра.

Банката оствари позитивен нето-финансиски резултат од 39,6 милиони денари, што е 25 проценти зголемување во однос на остварениот резултат во 2020 година.

– Согласно Законот, остварената добивка се распределува во резервите на Банката со што, се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во земјата, се додава во соопштението на РБМ.

Клучни зборови

  • добивка
  • профит
  • Развојна банка на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk