Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Развојната банка повлече 18 милиони евра за 45 проекти на домашни компании

30 апр. 2022 г.·2 мин читање·637 прегледи

Следете не на Viber

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, денеска ги повлече третата и четвртата транша во износ од 18 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со овие транши, се обезбедува поддршка на 45 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 145 лица.

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (14,7 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки за заеми за тековни средства, со каматна стапка до 1,6%.

До сега, од ЕИБ 6 кредитната линија се повлечени вкупно 77,1 милиони евра за 227 компании, кои ќе вработат нови 608 лица.

Со овој заем кој РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 пандемијата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности..

Клучни зборови

  • домашни компании
  • Развојна банка на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk