Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Работна средба со раководството на централната банка на Црна Гора

4 јул. 2022 г.·2 мин читање·1933 прегледи

Следете не на Viber

Делегација на Народната банка предводена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во периодот од 29 до 30 јуни, оствари работна посета на централната банка на Црна Гора, при што се сретна со гувернерот Радоје Жугиќ и неговиот тим. 

Најголемо внимание им беше посветено на предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките веќе подолг временски период, во услови на продолжена глобална криза. Посебен акцент беше ставен и на сѐ повисоката инфлација, којашто тековно е едно од клучните прашања за централните банки. На состанокот заеднички беше заклучено дека ценовните притисоци, особено за малите и отворени економии, се последица на глобалните проблеми произлезени од пандемијата, а поврзани со синџирите на снабдување, во услови на отворање на економиите и нормализација на побарувачката. Исто така, големи притисоци се чувствуваат и преку каналот на сѐ повисоките цени на енергентите и на храната на светските берзи. Овие притисоци дополнително се нагласени со кризата во Украина. Со оглед на долготрајноста на овие случувања, беше увидена потребата од делување преку макроекономските политики заради ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на долгорочните инфлациски очекувања.

Прашањето за финансиската стабилност во услови на криза исто така беше тема на разговор на работните средби. Притоа беше заклучено дека и во двете земји банкарските системи покажуваат солидни остварувања и релативно голема отпорност на надворешните шокови во изминатиот период. Високата солвентност, ликвидноста на банките, како и добриот квалитет на кредитното  портфолио покажуваат дека банките успешно го минуваат тестот на продолжената криза, при добри појдовни позиции пред почетокот на кризата, здрави политики и прудентна регулатива. Но, имајќи го превид продолжениот карактер и силината на кризата, можни се неповолни ефекти врз реалната економија и преносни ефекти врз билансите на банките, поради што е потребно внимателно следење, здраво управување со ризиците и понатамошно градење на капиталните позиции за справување со евентуалните ризици. 

На средбите беа разгледани и можностите и областите каде што двете централни банки може да ја продлабочат својата успешна, долгогодишна соработка. 

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Народна банка
  • Работна средба
  • Радоје Жугиќ
  • централна банка на црна гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk