Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ЕдукацијаЛични Финансии

Работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите: Зголемен интересот за финансиска едукација

26 фев. 2020 г.·5 мин читање·136 прегледи

Следете не на Viber

Нашата земја по вторпат е дел од Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.  Активностите за успешно одржување на националното натпреварување веќе се во полн ек. Денес, во Народната банка се одржа работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта кои се пријавија за учество. На отворањето на настанот се обратија гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), којашто е и организатор на Европскиот квиз на парите во земјава.

„По големиот успех минатата година, кога нашите национални претставници го освоија второто место во Европа, верувам дека на годинешното издание на Квизот, сите му пристапуваме со поголем ентузијазам. Ова го потврдува и фактот што бројот на пријавени ученици, годинава е значително поголем.“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, по што одделно се осврна на предизвиците за подобрување на квалитет на човечкиот капитал со кој се соочуваме. „Според индексот на човечкиот капитал на Светската банка, доколку се продолжи со сеопфатни реформи во образовниот и здравствениот систем децата кои се раѓаат во тековниов период кога ќе наполнат 18 години би можеле да бидат попродуктивни за 50%.“ – посочи гувернерката. Ова,  како што кажа таа, подразбира и потреба од вложување во финансиската едукација, особено на генерациите на дигиталното време.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека иницијативата на Европскиот квиз на парите носи повеќе придобивки во контекст на финансиската едукација, но и од аспект на образовниот процес во земјава.

„Оваа иницијатива носи повеќекратни придобивки. Првата е секако финансиската едукација, пренесувањето на знаењето од областа на финансиите на учениците од основните и средните училишта. Второ, квизовите, како начин за гејмифицирање на образовниот процес, го задржуваат интересот на учениците и можат поефикасно и ефективно да пренесат информации во некои случаи, во споредба на пример, со класичните методи. Трето, тоа е одличен начин за унапредување на процесот на менторство, односно на водството на ученикот од страна на наставникот. Изградбата на човечкиот капитал е од големо значење за нашата земја, а финансиската едукација игра важна улога од аспект на носењето на финансиски одлуки.“ – рече Ангеловска.

Претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, во своето поздравно обраќање упати голема благодарност до наставниците и професорите од основните и средните училишта од нашата земја за нивниот интерес за учество на Квизот.

„Минатата година на јавниот повик за учество на натпреварот се пријавија 145 одделенија, односно класови од основните и средните училишта од Република Северна Македонија, а оваа година 279. Тоа укажува дека вие ја препознавте важноста на знаењата за банкарството и финансиите за учениците, а и потребата за нивното совладување што порано“ – посочи Стевкова- Штериева. Таа додаде дека радува фактот што МБА и институциите се обединети во желбата за финансиската едукација на младото поколение, како и дека тоа што ја прави особено горда е фактот што финансиската едукација станува предизвик за учениците во земјава.

Заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, се надоврза на констатациите дека е неопходно во текот на образованието учениците да бидат информирани за постоењето и управувањето со  финансиските ризици и дека возраста на учесниците на Квизот е идеален период од животот на секој поединец кога треба засилено да почне процесот на стекнување знаења од областа на финансиите.

„За надминување на предизвиците од финансиска природа, потребна е финансиска едукација. Ние, институциите на системот од оваа сфера, образовните установи и сите одговорни општествени чинители, сме должни финансиски да ги описменуваме младите и тоа и го правиме“ – порача Наумовска.

На работната средба беа презентирани одделните фази и беше извршена обука за учество во овој исклучително важен натпревар во знаења од областа на финансиите зад кој стои Европската банкарска федерација. Во нашата земја, носител е МБА во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, а активностите се спроведуваат со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. На денешниот настан, со свои презентации се приклучија и другите регулатори на финансискиот систем.

Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. Во првата половина на март ќе се одржат две интерни тестирања. Најдобрите на овие тестирања ќе настапат на националниот натпревар, којшто ќе се одржи на 23 март, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на парите во Брисел.

Големиот број учесници на Квизот укажува дека значително е зголемен интересот за финансиска едукација особено кај помладото население и е поттик уште посилно да се продолжи со активностите во оваа сфера.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Европскиот квиз на парите
  • Елизабета Наумовска
  • Маја Стевкова Штериева
  • Македонската банкарска асоцијација (МБА)
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk