Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Публикација на ИНФЕ-ОЕЦД ги истакнува активностите на Народната банка за финансиска едукација преку дигиталните канали

10 јан. 2023 г.·2 мин читање·622 прегледи

Следете не на Viber

Според анализата посветена на Дигитализацијата на финансиите на потрошувачите и финансиското образование во Југоисточна Европа од Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој  (ИНФЕ-ОЕЦД), нивото на дигиталната финансиска инклузија во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последните години бележи зголемување, но во просек сè уште е на пониско ниво во споредба со земјите на ОЕЦД. Истовремено, e забележана зголемена употреба на дигиталните канали за спроведување на финансиската едукација во регионот на ЈИЕ, што овозможува поголем опфат на населението и олеснет начин на споделување на материјалите за финансиска едукација.

Во анализата, меѓу другото, се истакнува дека Народната банка на Република Северна Македонија за да ги задоволи потребите и ограничувањата на различните групи население, користи различни дигитални алатки и канали за финансиска едукација. Притоа е истакната примената на едукативните видеоматеријали. Имено, станува збор за изработени и објавени девет анимирани едукативни видеозаписи од серијалот: „Со Народната банка во светот на финансиите“. Bидеозаписите се достапни на интернет-страницата на Народната банка, социјалните медиуми и каналите на Јутјуб, како и на традиционалните канали, односно националната телевизијата, со цел да се опфати пошироката јавност. Понатаму, истакнато е одржувањето онлајн едукативни квизови коишто се организирани за учениците од средното образование, натпреварите коишто се организирани околу онлајн играта „Заработете и заштедете“ за учениците од oсновното образование и предавањата наменети за различни целни групи и организирани преку различни алатки за видеоконференции, со цел да се задоволат потребите на учесниците.

Заложбите на Народната банка за преземање активности за натамошното унапредување на финансиската писменост и финансиската инклузија ќе продолжат и во иднина.

Повеќе информации за анализата може да најдете на ВРСКАТА

https://www.oecd.org/financial/education/Digitalisation-of-Consumer-Finance-and-Financial-Education-in-South-East-Europe-Policy-Brief.pdf

Клучни зборови

  • Дигитализација на финансиите
  • Народна Банка на Република Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk