Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Промовирано ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“

25 окт. 2021 г.·2 мин читање·7354 прегледи

Следете не на Viber

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ и Халкбанк АД Скопје, во октомври – месецот на штедењето, го промовираа ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“ работена целосно со еколошки бои и на еколошка хартија.Сликовницата ќе се продава исклучиво онлајн преку QR код што води до галеријата Frida.mk. Собраните средства целосно ќе бидат донирани на С.О.С Детско село – Скопје.

Настанот, кој беше во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, се одржа во Музејот на град Скопје каде што беа изложени и оригиналните илустрации од авторот Трајче Павлов, а беше одржана и креативна ликовна работилница за деца.

– „Сликовницата на Халки“ е дело во кое слончето Халки и на децата им го доближува процесот на правењето сликовница – од идеја до печатница. Притоа, Халки потсетува и на важни пораки дека сите деца се исти, а читањето е една од најважните навики што можеме да ги стекнеме во детството, истакна Сребра Ѓорѓијевска, новинар и претставник на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“.

Националната координаторка на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо се заблагодари што нивната мисија „Топол дом и грижа за секое дете“ ќе биде поддржана преку продажбата на „Сликовницата на Халки“. -Љубов, другарство и инклузија се носечките теми на сликовницата кои и се дел од работењето на СОС Детско село бидејќи секое дете заслужува топол дом и грижа, рече Накова Гапо.

Во интерактивниот дел децата се дружеа со маскотата Халки и цртаа цртежи на тема: љубов, толеранција, штедење и инклузија.

– „Сликовницата на Халки“ е дело во кое слончето Халки и на децата им го доближува процесот на правењето сликовница – од идеја до печатница. Притоа, Халки потсетува и на важни пораки дека сите деца се исти, а читањето е една од најважните навики што можеме да ги стекнеме во детството – истакна  Сребра Ѓорѓијевска, новинар и претставник на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“.

Клучни зборови

  • Сликовницата на Халки
  • халкбанк
  • Халкбанк АД Скопје
  • Халки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk