Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

13 апр. 2022 г.·3 мин читање·2458 прегледи

Следете не на Viber

Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на Управниот одбор

Шпаркасе Банка АД Скопје објавува дека, во согласност со промените во Управниот одбор планирани во текот на Проектот за интеграција со Охридска банка АД Скопје, Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на Управниот одбор заклучно со 30.4.2022 година.

Глигор Бишев ја водеше Шпаркасе Банка АД Скопје од почетокот на 2013 година и за време на неговиот мандат Банката го зголеми и го стабилизираше своето пазарно учество и профитабилност, стана лидер во проектно финансирање, воведе иновативни и модерни производи за население и го поддржуваше севкупниот економски раст во Северна Македонија.

Претседателот на Надзорниот одбор Георг Бухер ја искажа својата благодарност кон Глигор Бишев за неговата визија, лидерство и придонес кон развојот на Банката и заштитата на интересите на сите засегнати страни во овој предизвикувачки период. „Под лидерството на Глигор Бишев и неговите колеги, Банката ја продолжи својата ориентација кон иднината, развивајќи се во модерен и иновативен партнер на секое домаќинство и компанија во земјата. Помеѓу многуте предизвици со кои се соочивме минатите години, како што е пандемијата со ковид-19, Банката успешно ја реализираше најголемата банкарска интеграција во поновата историја, станувајќи едно семејство со Охридска Банка АД Скопје во текот на 2021 година“, изјави Георг Бухер.

Од 1 мај 2022 година, позицијата претседател на Управниот одбор ќе ја преземе Санел Кустурица, сегашниот заменик-претседател на Управниот одбор, кој се придружи на Банката на почетокот на 2021 година, откако претходно беше на чело на Шпаркасе Банка во Босна повеќе од 10 години. Нина Неданоска, сегашен член на Управниот одбор, ќе стане заменик-претседател на Управниот одбор. Алвин Аличевич, член на Управниот одбор на Банката од 2017 година, ќе продолжи да ја извршува својата функција на член на УО, одговорен за управувањe со ризиците. Се проценува дека оваа непречена транзиција дополнително ќе придонесе кон севкупниот иден развој, потенцијал и репутација на Шпаркасе Банка АД Скопје како стабилна и прудентна банка, која ќе овозможи спроведување на проектираниот курс на перманентен и долгорочен развој на Банката.

Клучни зборови

  • Глигор Бишев
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk