Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Пролетни средби на ММФ и Светската банка

10 апр. 2021 г.·2 мин читање·1847 прегледи

Следете не на Viber

Одлуките и мерките на Народната банка донесени од почнувањето на корона-кризата наваму се позитивно оценети на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто се одржуваат виртуелно. На состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ, тие беа подетално разгледани. Притоа, од тимот на Одделот на ММФ беше истакнато дека одлуките и мерките на Народната банка во целост се во согласност со очекувањата и насоките на ММФ.

 

Како што беше истакнато на состанокот, одлуките и мерките придонесоа за задржување на финансиската стабилност, а истовремено и за обезбедување значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Притоа беше напоменато дека влогот на Народната банка за финансиската стабилност е очигледен, особено преку стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, којшто претставува најголем дел од финансискиот систем.

 За дел од мерките на Народната банка од изминатиот период беше посочено дека значително придонесоа и за подобрени услови за кредитна поддршка од банките. Сега, каматите на кредитите во нашиот банкарски систем се едни од најниските во регионот, што како што беше нагласено на состанокот, е особено важно во текот на ваквата криза. Истовремено, соговорниците разговараа и за тоа дека може да се очекува и натамошно намалување на цената на кредитите на банките, по последното намалување на основната каматна стапка на Народната банка, што ќе придонесе за натамошната поддршка на граѓаните и компаниите и економијата во целина.

 Со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ се разговараше и за регулаторните измени коишто ги направи Народната банка со цел да се овозможи привремено олеснување на финансискиот товар за корисниците на кредити коишто се погодени од пандемијата. Притоа, беше посочено дека со измените се придонесе за одложување на отплатата на 44% од кредитите, што е значително повисоко од просекот во ЕУ.

Клучни зборови

  • мерки
  • ММФ
  • Народна банка
  • одлуки
  • поддршка
  • Светска банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk