Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ПРОКРЕДИТ БАНКА И МАСИТ ЗАЕДНО ВО ПОДДРШКА НА ЕКОНОМИЈАТА И РАЗВОЈ НА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА

13 авг. 2021 г.·2 мин читање·2201 прегледи

Следете не на Viber

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ повеќе од 20 години ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.

Соработката со ПроКредит банка започна пред повеќе од 6 години кога МАСИТ отвори своја сметка како клиент на банката со намера да го дигитализира процесот на плаќања, а земајќи предвид нашиот специфичен начин на плаќања со врзани потписи како и фактот дека ПроКредит беше една од поретките банки кои во тоа време нудеа таква можност. Оттогаш па досега сите наши трансакции брзо и едноставно ги спроведуваме онлајн, постојано имаме достапна целосна поддршка а сите промени поврзани со банкарските сметки ги спроведуваме со минимална физичка посета на банката. Би го споменале како голема придобивка и значителното поедноставување на процесирањето на девизните плаќања и приливи, кои како Комора која работи на регионални и Европски проекти се доста застапени во нашето секојдневно работење.

Покрај успешната соработка како клиент на банката, МАСИТ со ПроКредит во изминатите години на повеќе наврати соработуваа и на неколку различни активности при кои ПроКредит препознавајќи го МАСИТ како претставник на ИКТ индустријата а сакајќи да ја поддржи истата значително придонесе во реализација на неколку конференции и активности на МАСИТ. Од оваа година соработката дополнително се зајаќна и со воспоставувањето на Патрон Партнерство помеѓу МАСИТ и ПроКредит.

Нашите планови во иднина се да продолжиме и да ја продлабочиме нашата поддршка на растот на ИКТ секторот преку низа на активности насочени кон подобрување на бизнис климата и регулативите за ИКТ компаниите на домашниот пазар, поддршка на ИКТ компаниите во нивните извозни активности, активности поврзани со развојот на ИКТ работната сила, како и поддршка на процесите за дигитализација во државата.  Имајќи ја ПроКредит Банка како Патрон партнер, кој не поддржува не само во делот на банкарско работење туку и како поддржувач на нашите активности, како МАСИТ остануваме посветени и фокусирани на нашата мисија да бидеме глас и ресурс на ИКТ секторот и очекуваме зајакнување на нашата позиција и препознаеност како релевантен претставник на ИКТ секторот.

Клучни зборови

  • Анита Никова
  • ИКТ индустријата
  • ИКТ компании
  • МАСИТ
  • Патрон партнер
  • поддршка
  • ПроКредит банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk