Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПРОКНИЖИ ДОБИВКА ОД 8,2 МИЛИОНИ ЕВРА: Какви се очекувањата на менаџментот на Макстил за последниот квартал од 2021?

31 окт. 2021 г.·3 мин читање·13340 прегледи

Следете не на Viber

Добивкат пред оданочување во извештајниот период е 562 милиони денари и е повисока од остварената во истиот период од 2020, додека нето добивката изнесува 505 милиони денари и е повисока од остварената за истиот период во минатата година. Зголемувањето на добивката воглавно се должи на порастот на цените на нашиот готов производ, како и на зголемениот обем на производство на слабови и зголемениот обем на продажба на топловалните дебели лимови.

Какви се очекувањата на менаџментот на Макстил за последниот квартал од 2021 година?

Во текот на четвртиот квартал од годината се очекува понатамошно  зголемување на побарувачката на челик, условено од текот на вакцинацијата и намалувањето на можноста за ширење на различни варијанти на Ковид-19, како и  предизвиците од тековната енергетска криза. Конкретно, нашите очекувања за последниот квартал од 2021 се оптимистички и се во директна зависност од развојот и движењата во големите европски економии како што се Германија, Италија, Унгарија меѓу другите. Имено, согласно планот, производниот погон Челичарницата во текот на четвртиот квартал ќе работи во континуитет. Работата на производниот вагон Валавница воглавно е условена од нарачките на купувачите, при што нашите очекувања се умерено оптимистички, пред се заради позитивните пазарни сигнали, зголемениот дел на вакцинирана популација, како и поддршката на владите за развој на инфраструктурните проекти. Во наредниот период наш најголем предизвик останува справувањето со енергетската и логистичка криза. Нашата компанија се соочува со досега невиден пораст на цените на електричната енергија и природниот гас, што на долг рок може многу неполовно да се одрзи, не само врз текот на нашето работење туку на економијата на нашата земја во целина, доколку не се превземат мерки од страна на државата за амортизација на овој ценовен шок.

Компанијата ги превзема сите неопходни активности за остварувањето на поставените цели со посебен фокус на подобрувањето на условите за работа, безбедноста и здравјето на вработените. Исто така, во овој период не бележиме некои позначајни промени во однос на бројот на вработените, и извршено е благо зголемување на платите. Во текот на овој период од годината компанијата продолжува со создавање на позитивни промени, особено во делот на локалната заедница. Уште една потврда на концептот на општествено одговорно делвање и почитување на концептот на одржливоста беше и вклученоста на компанијата во комплексниот истражувачки и иновативен проект,  ,,Cinderela’’ базиран на можностите за намалување на урбаниот индустриски отпад, и употреба на секундарните суровини во различни индустрии.

Клучни зборови

  • макстил
  • Очекувања за претстојниот период
  • очекувања на менаџментот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk