Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

14 окт. 2021 г.·3 мин читање·2633 прегледи

Следете не на Viber

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021.

Девет неделната инкубациона фаза заврши со презентирање на проектите на финалистите и прогласување на наградените идеи. „Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“ и „ Мали истражувачи“ се решенијата кои освоија парична награда од Шпаркасе Банка, како победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Imapct Award 2021.

Првата награда во висина од 3.000 евра, стручното жири ја додели на тимот од „Хербална куќичка Билкилајф.“ Мила и Верче, девојките зад оваа идеја замислуваат „Билкилајф“ да биде место за релаксација на умот и телото, преку разни форми и содржини-туристички услуги. Основата на сите услуги, програми и активности се билките, а во нив учествуваат и можат да ги користат лицата со попреченост.

Втората награда во висина од 2.000 евра беше доделена на „О-круг“, здружение кое работи во полето на реупотреба на отпад од храна. „О-круг“, во суштина ќе произведува есенцијални масла и природни освежувачи од отпадна кора од портокал. Отпадните лушпи ќе бидат собирани преку партнерства со локалните кафетерии, џус и смути барови, потоа преработени и од нив ќе се произведува есенцијално масло и природни освежувачи за воздух.

Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Мали истражувачи“, проект од Македонски брод кој работи во областа на одржлив туризам и се залага за здрав живот. Идејата е отворање на првото еко-игралиште за деца или како што Магдалена и Кики ги нарекуваат, „малите истражувачи“. Како дел од игралиштето е и зеленчукова градина, каде децата ќе имаат можност да научат за одгледувањето на истите или пак да си наберат свежи плодови.

Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “EnergуBox “, воден од Натали Велеска, чиј тим ќе добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Бизнис Импакт Лаб.

Повеќе информации за настанот и програмата можете да добиете кај Ана Пасковска, национална координаторка на „Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award“ на е-маил: ana.paskovska@socialimpactaward.net. Web: https://north-macedonia.socialimpactaward.net

Клучни зборови

  • Social Impact Award
  • Social Impact Award 2021
  • Наградата за социјално претприемништво 2020
  • Шпаркасе Банка Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk