Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Приливи од над 9 милиони денари и над 40 илјади американски долари во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

7 апр. 2021 г.·2 мин читање·901 прегледи

Следете не на Viber

Во периодот од 18.03.2021 до 27.03.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнале приливи од камати во вкупен износ од 9.352.058,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 41.491,03 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнале приливи од камати во износ од 1.154.661,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 8.106.793,00 денари.

Во истиот период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:

-32.073,70 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR Fund;

-5.367,51 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR Fund и

-3.022,77 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific Index Fund ETF Shares.

На сметката на Сава пензија плус пристигнале приливи од камати во износ од 14.515,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 76.089,00 денари.

По основ на дивиденди на сметката на Сава пензија плус, пристигнале приливи од дивиденда во износ од:

-818,29 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR Fund;

-123,26 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR Fund и

-85,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific Index Fund ETF Shares.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на Друштвото.

Клучни зборови

  • приливи од камати
  • Сава пензија плус
  • Сава пензиски фонд
  • Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk