Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Привремен прекин на сообраќајот од паркингот на хотел Бистра до Леуново, на 8 Септември, поради трката Halk Velo Green

6 сеп. 2022 г.·2 мин читање·1302 прегледи

Следете не на Viber

На 8 Септември во Маврово ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, во организација на Халкбанк. Повеќе од 200 велосипедисти – професионалци и оние што рекреативно се занимаваат со овој спорт ќе се натпреваруваат во две категории – ПРО и ХОБИ во машка и женска конкуренција. Натпреварувачите ќе возат трка долга 22 километри, на релација од хотел Бистра, до Леуново и назад. Учесниците во категоријата ПРО кидс, исто така во машка и женска конкуренција, на возраст од 13 – 17 години ќе ја извозат трката долга 22 километри, додека пак за најмладите натпреварувачи, на возраст од 6 до 12 години, предвидено е да возат трка долга 12 километри, до Никифорово и назад.

Со цел безбедно и непречено одржување на трката, на 8ми Септември, патот од хотел Бистра до Леуново, во двете насоки ќе биде затворен за сообраќај во период од 08.30 до 14.30 часот.

Освен спортски, настанот ќе има и забавен карактер, водителот Викса ќе ја „подгрее“ атмосферата, а за музичкиот дел ќе биде задолжен DJ Гоце Саф. Детскиот дел ќе биде под водство на добропознатиот Халки и тимот на Ефектива.

Халкбанк, како и во текот на претходните години, средствата собрани од котизацијата ќе ги искористи за пошумување предели од земјава, каде што е неопходно, што всушност е и примарната цел и идеја поради која што се организира овој спортски настан. Со парите обезбедени од трката одржана во 2020 година, беа купени 8000 садници за пошумување во Свети Николе, додека оние од трката одржана во 2021 година, се искористија за обезбедување дополнителни 7700 садници за овој регион. Трката Halk Velo Green инаку е дел од платформата HalkEco чија мисија е поттикнување здрави животни навики и заштита на природата.

Клучни зборови

  • HALK VELO GREEN
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk