Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на признанието Македонски квалитет за 2019 година

13 дек. 2019 г.·3 мин читање·40 прегледи

Следете не на Viber

Почитувана претседателка на Сојузот на стопански комори,
Почитувани стопанственици,
Дами и господа,

Благодарам на честа да бидам покровител на една ваква навистина значајна и специфична манифестација на која се доделува Признанието за македонски квалитет. Од доделените признанија се уверивме дека оваа година добитници се компании од различни стопански гранки, а меѓу нив и едно културно- уметничко друштво што сведочи за значењето на квалитетот и во уметноста и воопшто во културата. Диверзитетот на добитниците, освен стопанските субјекти се гледа и низ фактот што добитник на признание за македонски квалитет е и една образовна институција. И самиот долги години како професор бев вклучен во образовниот процес и од прва рака можам да посведочам дека без квалитетно образование нема квалитетни кадри, а, без образувани поединци нема ниту економски развој. Оттука мора да се инсистира на постојано подигнување на квалитетот на образованието кое треба да биде во чекор со актуелните трендови, особено со потребите на пазарот на трудот.

Осврнувајќи се на годинешниве добитници не смеам да заборавам да истакнам еден исклучителен факт, а тоа е високиот степен на општествена одговорност кај голем дел од нив. Сакам сите нив да ги поттикнам и охрабрам и понатаму да придонесуваат и да и помагаат на заедницата.

Драги пријатели,

Убеден сум дека сите ние споделуваме заедничка визија за економски просперитетна и развиена држава. Вие сте носители на нашата национална економија и би сакал да ве охрабрам и понатаму да создавате квалитет. Како амбасадори на македонскиот бренд, ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапредување и промоција на македонскиот квалитет.
Неодамна, на самитот Македонија 2025 потенцирав дека за економски напредок и развој е потребна соработка на политичарите со бизнис заедницата, во насока на градење на политики согласно потребите и барањата на стопанствениците и актуелните домашни и меѓународни економски текови. Во тој комплекс на прашања, клучен елемент е владеење на правото и доверба во институциите без чија максимална функционалност и професионалност не можеме да очекуваме подобрување на економската состојба и подигнување на стандардот. Само со доследно почитување на овие постулати заедно со вашата креативност и посветеност како и континуираното воведување на технолошки иновации можеме да се надеваме на подобрување на бизнис климата и на економски напредок.

На крајот, дозволете ми, на сите добитници уште еднаш да им честитам за признанието, и да им посакам и ним, но и на останатите членки на Сојузот на стопански комори успешна и плодна работа во 2020 година.

Клучни зборови

  • Сојуз на стопански комори
  • Стево Пендаровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk