Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КХВ АЛИТИ: КОМПАНИИТЕ СО ИЗРАЗЕНА ДАНОЧНА ДИСЦИПЛИНА ЛЕСНО И БРЗО МОЖАТ ДА ПРИВЛЕЧАТ ЕКСТЕРЕН АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ

4 дек. 2021 г.·2 мин читање·1124 прегледи

Следете не на Viber

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити учествуваше на виртуелниот настан “Идни предизвици и унапредување на соработката со големите даночни обврзници ” што на 1 декември, 2021 година го организираше Управата за јавни приходи  по повод 15 години ДГДО и 20 години фискализација.

Домаќин беше Директорката на УЈП Сања Лукаревска, а во конструктивната  дискусија  учествуваа  ЗПВРСМ Фатмир Битиќи,  Министерот за финансии  Фатмир Бесими, поранешниот министер за финансии Никола Поповски, Зоран Јовановски од Стопанската комора, Маја Штериева од МБА, претставник на ММФ експертот Дмитри Јегоров и претставници на големите даночни обврзници: Млекара АД Битола,  Витаминка АД Прилеп  и Фершпед АД Скопје.  Главна констатација  беше дека   правилниот пристап кон компаниите обезбедува правилно и ефикасно собирање на даноците значајни за националната економија, а борбата против сивата економија треба да е бескомпромисна и успешна, бидејќи само на тој начин  ќе придонесе сите да плаќаат даноци.

Во оваа прилика, Претседателката Алити меѓудругото рече: ,,Даночното ,,досие,, на секоја  компанија има голем удел врз одлуката на инвеститорот и влијае на нејзината содржина. Секој инвеститор кој сака да биде долгорочен ги анализира  финансиските извештаи, кои комбинирани на различни начини објаснуваат аспекти од работењето на компанијата: ликвидност, профитабилност, задолженост. Управата за јавни приходи е насочена кон прибирањето на даноците, Комисијата за хартии од вредност кон транспарентноста и доброто корпоративно управување на компаниите, компаниите како даночни обврзници меѓудругото мора да ги обелодени и политиките во однос на даночното планирање, за да инвеститорите оценат дали компанијата би била соодветно место за вложување на нивните средства, итн. Затоа компаниите со изразена даночна дисциплина, кај кои препознаваме и големи даночни обврзници многу лесно и брзо можат да привлечат екстерен акционерски капитал, а ваквиот “имиџ” ja зголемува и нивната пазарна вредност,,.

Клучни зборови

  • Комисијата за хартии од вредност
  • Маја Штериева
  • Никола Поповски
  • Нора Алити
  • Сања Лукаревска
  • Фатмир Битиќи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk