Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Преку подготвување на краток стрип за пазарот на капитал, Македонска берза по петти пат се приклучи на „Ring the Bell for Financial Literacy“

12 окт. 2025 г.·2 мин читање·1791 прегледи

Следете не на Viber

Македонска берза петта година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO).

По тој повод, во рамки на иницијативата, Македонска берза подготви краток едукативен стрип посветен на пазарот на капитал. Целта на овој материјал е на едноставен и интересен начин, преку практични примери, да ги запознае младите со основните поими и принципи на функционирањето на пазарот на капитал, инвестирањето во хартии од вредност и можностите достапни на компаниите за прибирање финансиски средства.

Креирањето на стрипот претставува дел од континуираните активности што Македонска берза ги спроведува заедно со другите чинители на домашниот пазар на капитал (брокери, банки, инвестициски и пензиски фондови). Целта на овие активности е да се поттикне интересот кај младите за пазарот на капитал, како потенцијални инвеститори, но и како идни професионалци во финансиската индустријата.

Стрипот можете да го преземете на следниот линк.

Клучни зборови

  • Ring the Bell for Financial Literacy
  • Да заѕвониме за финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk