Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Предлог филм: Преголемо за да пропадне – Too Big to Fail (2011)

21 мар. 2020 г.·3 мин читање·150 прегледи

Следете не на Viber

Во средината на 2000-те, Волстрит цутеше со рекордно високи бонуси, плати од повеќе милиони долари и развивачки пазар на недвижнини. Но во 2008 година сето тоа се урна.

До есента, финансискиот систем на САД, по години дерегулација, го започна својот слободен пад со тоа што хипотекарната криза и лошите кредити беа во коренот на проблемот. И покрај предупредувачките знаци, никој не веруваше дека финансиските институции се во ризик. Како што пазарот почна да паѓа сѐ подолу и подолу, стана јасно дека банките се преголеми за да пропаднат и можеа да создадат глобален распад каков што дотогаш не е виден.

„Ејџ-Би-О-филмови“ претставува фасцинантен приказ зад сцената на скорешната криза која речиси го урна националниот банкарски систем на САД, а и целата економија заедно со него. „Преголемо за да пропадне“ нуди интимен поглед во финансиската криза во Волстрит од 2008-та, истражувајќи го внатрешниот круг на моќните мажи и жени кои одлучуваа за судбината на светската економија во рок од само неколку недели.

Филмот се фокусира на тогашниот Секретар на Државната каса Хенри (Хенк) Полсон (Вилијам Харт) кој работи со Претседавачот на Федералните резерви, Бен Бернанки (Пол Џијамати) и со Претседателот на Федералната банка за резерви на Њујорк, Тимоти Гајтнер (Били Крудуп), заедно со персоналот во Системот за федерални резерви, членовите на Конгресот и со најмоќните (и најплатените) директори на светот, за да ја повратат економијата на САД од работ на пропаста. Филмот вешто ги прикажува и сложените економски идеи и спротивставените личности на финансиските титани. „Преголемо за да пропадне“ е навремено потсетување дека битката за економското здравје на нашата земја е далеку од готова.

Доколку сакате да го изгледате филмот, тоа може да го направите преку HBOGO.MK каде имате 7 дена бесплатно, без договор и можност да откажете кога сакате.

 

https://www.youtube.com/watch?v=s9IdOU5Z_Ic

Клучни зборови

  • Too Big to Fail
  • Волстрит
  • Домашно кино
  • личен развој
  • Преголемо за да пропадне
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk